Груевски се помири, почна да настапува како опозиционер!

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се чини дека веќе се помирил со тоа дека Заев заедно со СДСМ и коалициските партнери ја преземаат власта, па почна да дава изјави како опозиционер.

Одговарајќи на новинарско прашање, и тоа во бастионот на Ѕинго во Кратово , каде е сигурен дека нема да има никој противник, Груевски зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите како што најавува Заев, бидејќи Законот за судии е двотретински, па немало да ги дадат своите гласови.

– Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели. Да ги заплашува судиите и на тој начин да издејствува некакви одлуки во судството што тие ги посакуваат кога направиле одредени кривични дела и сакаат тоа да помине без казна – рече Груевски.

НА овој начин  и вакви размисли, очигледно е дека Груевски се помирил со надмоќта на парламентарното мнозинство, и дека во иднина  тие повеќе не се власт туку ќе бидат опозиција која може да дејствува само кога ќе се има потреба од двотретинско мнозинство.

 Сепак од надмоќното мнозинство му порачаа:

„Граѓаните ја одбранија правната држава со тоа што гласаа за демократските промени што веќе се случуваат.

Тие промени носат и нова реформска Влада којашто ќе обезбеди независно судство преку резибор на судии по најдобрите европски пракси.

Никола Груевски наместо да ги лаже и загрижува чесните судии кои ќе бидат ослободени од притисоците на фамилијата, нека се посвети на својата одбрана. Сваровски судството завршува.

Во Македонија правото ќе важи подеднакво за сите“, стои во реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Слични содржини