Хан пристигна Иванов го нема- Не подгревајте меѓуетнички тензии!

од Vladimir Zorba

Еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево пристигнува во неколкучасовна посета на Македонија во обид да помогне да се најде решение за политичката криза во земјава.

Хан и тројцата европратеници, како што вчера соопшти портпаролката Маја Коцијанчич, ќе се сретнат со политичките лидери.

Еврокомесарот Јоханес Хан твитна порака од авионот на пат кон Скопје.

„На пат кон Скопје, Јоханес Хан, Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Иво Вајгл порачуваат: почитувајте ја демократијата и мнозинството во парламентот. Не подгревајте меѓуетнички тензии“.

 

Засега, ниту од Европската комисија, ниту од кабинетот на претседателот на Република Македонија не потврдуваат дали бриселската четворка ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Тој најверојатно нема да пристигне од Унгарија и ќе ја избегне средбата.

Коцијанчич соопшти дека за време на посетата ќе биде повторен ставот на ЕУ дека треба да се почитува исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на Договорот од Пржино.

Еврокомесарот Хан, во петокот, во интервју за „Дојче веле“, им порача на македонските политичари да се држат до Договорот од Пржино, но и ги предупреди дека „не треба да мислат дека со изборите и со формирањето на новата влада, сите проблеми би биле решени“. Мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како посредник меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата, Хан го оцени како контрапродуктивно.

Продолжението на конститутивната собраниска седница  денеска стартува преку координативата средба  на претставниците на парламентарните партии, а пленарната седница за избор на  претседател ќе биде најверојатно утре.

Иницијативата „За Заедничка Македонија“ за денеска во знак на протест и отпор кон промените  и новата влдада на Зоран Заев и СДСМ-ДУИ , како и пристигнувањето на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници најавуваат најмасовни протести во Скопје и другите градови во Македонија.

Слични содржини