Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор по повод почетокот на четвртото издание на „Битола Шекспир фестивал“, меѓу другото, упати пофалби до градоначалникот Владимир Талески за неговиот придонес за развојот на културата во градот.

kanceska-milevska

Инаку, Талески од понеделникот неделава е во куќен притвор како првоосомничен во случајот „Транспортер“.

– Благодарност до градоначалникот Владимир Талески за соработката во културата. Со неговите заложби во изминатите години имавме голем успех во културниот развој на Битола – рече министерската Канческа-Милевска, на крајот од своето обраќање на денешната прес-конференција.

Годинава, за разлика од претходните три изданија, битолскиот градоначалник не е покровител на Шекспировиот фестивал, кој не е дел ниту од годинешната програма на „Битфест“.

Сепак, како што вели директорот на Битолскиот народен театар, Валентин Светозарев, Општината ќе помага во сместувањето на учесниците и на гостите.

– Фестивалот е влезен во Националната програма за култура и од Министерството за култура ја имаме поддршката во висина од 3 милиони денари, за организирање на фестивалот. Фестивалот нема да биде во рамките на „Битфест“, но Општината сепак ќе помага – рече Светозарев./извор Мета

Слични содржини