И од Владата потврдија дека Села го одбил вицепремиерско место за реформи

од desk4

Алијансата на Албанците не го прифатила понуденото вицепремиерско место за реформи во Владата на РМ. Ова, како што информираат од Владата, е исходот од попладневната средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Во информацијата од Владата се наведува дека на состанокот Села информирал дека Алијансата на Албанците не го прифаќа понуденото вицепремиерско место за реформи на Владата на РМ.

По средбата со премиерот Заев, Села изјави дека Алијансата на Албанците останува на своите ставови за задржување на министерското место за здравство.

Слични содржини