И полицаец е повреден при нападот врз автобусот на “Борусија” (Дортмунд)

од desk2

Не само играч на “Борусија” (Дортмунд), но и полицаец кој го придружувал автобусот на клубот, е повреден во експлозиите, кои се случија синоќа во Дортмунд, соопштија германските медиуми. Службеникот на редот бил полесно повреден и пренесен во болница.

Во вторникот вечерта имаше три експлозии во близина на автобусот на “Борусија”, додека тој патувал кон стадионот “Сигнал Идуна Парк” за натпреварот со “Монако” од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Инцидентот се случи околу еден час пред дуелот. Поради него натпреварот беше одложен за среда во 19.45 часот.

Органите на редот во Дортмунд најавија вонредна прес-конференција, бидејќи на местото на инцидентот е откриена белешка. Поради неа се смета дека нападот врз автобусот на “Борусија” била намерна. Се претпоставува дека покажува кој стои зад атентатот, но детали не беа дадени.

Слични содржини