Илјадници луѓе на улиците низ Турција против резултатите од референдумот

од Vladimir Zorba

Илјадници лица протестираа синоќа на улиците на неколку градови во Турција, за да го изразат своето незадоволство од резултатите од референдумот, со кој му се даваат поголеми надлежности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави ДПА.

Протести беа организирани во Истанбул, во главниот град Анкара, во Исмир, Ескишехир и во други градови во земјата.

Тие упатија критика поради одлуката на Комисија да ги определи како важечки гласчаките ливчиња, кои немале соодветен печат.

Демонстрации се организирани во главниот град Анкара, Истанбул, Измир, како и во другите градови во земјата. Во истанбулскиот кварт Бешикташ демонстрантите извикуваа „Разбојник, убиец, Ердоган“ и ја обвинија Државната изборна комисија за партиска пристрасност.

Слични содржини