Календарот на Адам ги мерел сезоните пред 75 илјади години

од Vladimir Zorba

Кои се првите креации на човекот? Ново откритие во јужниот дел на Африка не враќа цели 75 илјади години наназад, кога најверојатно жителите на овие земји го направија првиот камен часовник. Во последните години тој стана познат како Календар на Адам.

Лоциран во провинцијата Мпумаланга во источниот дел на Република Јужна Африка, овој Стоунхенџ на Црниот континент е можеби најстарата творба на човекот на нашата планета, а датира порано од кој и да е историски споменик, откриваат досега.

За првпат тој прави хронолошка врска меѓу бројните камени урнатини во јужниот дел на континентот и ни сугерира дека тие се многу постари отколку што се мислеше досега.
Јужна Африка крие едни од најголемите тајни во човечката историја. Пред околу 60 илјади години раните луѓе мигрирале од овој континент и се населиле во останатите делови на светот. Кои биле тие и со што се занимавале? Календарот на Адам можеби ќе ни даде одговори на некои од овие прашања.

Камениот часовник е откриен сосема случајно во 2003 година од археологот аматер Јохан Хаинан, кој раководи со најголемата бригада од авиони за борба со пожари во цела Африка. Како пилот тој лета над планините на Мпумаланга повеќе од 20 години.
Заинтересиран и направил десетици фотографии на илјадниците чудни урнатини на камени кругови, кои се расфрлани низ целиот регион. Специјалисти му објасниле дека тоа биле огради за добиток, оставени од мигрираните од север на југ од народот банту меѓу 14. и 18. век – теорија која исто така требала да биде демантирана.

Јохан Хаинан

Тој го прави големото откритие за време на мисија за спасување, односно додека бил во потрага по свој колега, лиј авион се урнал меѓу планинските висови во таа месност. Хаинан го гледал чудниот камен комплекс. Откако го открива колегата и утврди дека е жив и има само една скршена рака, Јохан се враќа да го прегледа комплексот. Веднаш му прави впечаток дека тоа е нешто како часовник. Едната карпа се крева вертикално нагоре и фрла јасна сенка врз плочата календар против неа, на која се нагласувале часови и месеци.
Малку подоцна Јохан води на местото 5-ца научници со надеж тие да објаснат што е нашол. Ниту еден од нив не смета дека комплексот за особено значаен. Ова е удар за Јохан, но како и секој вистински истражувач тој не се откажува. Почнува да ја истражува поставеноста на камењата и да ги пресметува параметрите на целиот украсениот комплекс.
Искористувањетео на искуството во навигацијата и наученото за аеронаутика, тој многу брзо утврдува дека круговите од камен била конфигурација која е свесно ориентирана по четирите кардинални точки на Земјата, па да се сетат на долгоденица во текот на годината. Централниот вертикален камен е издлабен така што неговата сенка паѓа точно на одреден начин на календарската плоча на другата страна.

Само 6 години подоцна, по многу експедиции и нови откритија во реонот камениот календар е детално испитан и му е определена точната возраст.

Воспоставено е дека комплексот е поместен од главните правци за 3 степени, 17 минути и 43 секунди. А тоа значи дека пред нас е часовник, кој бил изграден пред најмалку 25 илјади години според археолошките и астрономските пресметки. Понатамошно истражување на геологијата, процесите на ерозија и растот на лишаи по камењата им помогнале на научниците да пресметаат дека комплексот е на возраст од најмалку 75 илјади. години!

Астрономот Бил Холенбах го прави овој заклучок врз основа на движењето на племињата во јужниот дел на Африка и појавата на одделните карпи. Комплексот сепак може и да е многу постар и да датира од зората на Хомо Сапиенс пред околу 250 илјади години, сметаат научниците.
Каменииот часовник е сместен на работ на карпестиота Трансваал кој е изграден од црн кварцит, богат со злато. Тоа е и причината за африканската златна треска во реонот на почетокот на 18. век. Украсните камења од календарот на Адам сепак до еден се долерити. А најблиската жила на долерит е на околу еден километар од местото на комплексот. Тоа значи дека креаторите имале огромни напори за да превезат монолитни блокови до ова место.

Календарот на Адам е можеби единствениот примерок на речиси сочуван мегалитен камен календар во светот кој се уште со апсолутна точност ја мери летната и зимската краткоденица, коментира Јохан Хаинан. Древниот комплекс е поврзан со сезонското издигнување на соѕвездието Орион во Јужната хемисфера и
веднаш се поврзува со архитекти на пирамидите во Гиза, Мексико и Кина.
Календарот е дел од многу голем камен комплекс, лоциран на територија, пошироко од современиот Јоханесбург.

Се проценува дека има околу 20 илјади древни урнатини, расфрлани низ планините на Јужна Африка. Според археологот Мајкл Телингер кој го истражуван реонот од воздухот и пеш, камените споменици се приближуваат до бројот на 100 илјади.

Има секакви теории за што служеле тие, но во пракса научниците знаат премалку за нив. Многу веќе се уништени поради чисто незнаење од фармери, шумски работници или при расчистување на терени за изградба.

Посебно внимание привлекуваат распрснатите низ планините кружните древни споменици кои се гледаат особено подобро од воздухот. Според истражувањата направени во последните 20 години од неколку тима од научници, тоа не се куќишта за добиток на народот Банту, туку остатоци од древни храмови и астрономски опсерватории на изгубени цивилизации, кои живееле пред илјадници години.

Круговите урнатини се расфрлани на територијата од илјадници квадратни километри. Можат да се видат и оценат вистински единствено од воздухот и среќници, кои направиле такво патување, гледаат стотици урнатини во рок од само еден час лет. Многу од древните опсерватории се речиси целосно уништени или се покриени со растенијат.

Постојат меѓутоа и преживеани, кои ги покажуваат старите ѕидови во нивната оригинална големина. На места овие градби се по 2,5 метри високи и еден метар широки. Според проф. Ги Чарлзурт, ако тоа се вистинските димензии на куќички, потребни биле илјади години, за да еродираат по природен пат до висината на коленото на човек.

 

Античкииот пат, се протега на стотици километри, кој ги поврзувал некогаш сите овие градби. На места тој се уште е видлив. Станува јасно дека на ова место е живеела една организирана цивилизација, која се занимавала со ископување злато и користела некаков транспорт. Веројатно некои од древните храмови датираат уште од времето кога е изграден и камени Календар на Адам. И сигурно нема да е апсурдно да кажеме дека сме наишле на најраните населби на Хомо Сапиенс на Земјата.

Присуството на злато во реонот исто така не е случајно.

Во Јужна Африка се расфрлани барем 2000 древни златни рудници кои се во близина на урнатините. Дали тоа не е царството на Савската кралица – владетелката на Шеба, чие локација не е пронајдена ниту до денес? Легендите покажуваат дека на територија во јужниот дел на Африка. И зошто да не? На крајот на краиштата ова е местото на Земјата, каде е добиено најмногу злато во современата ни историја. Едвај е само коинциденција што најбогатиот рудник во светот денес – “Шеба”, се наоѓа токму во Мпумаланга, Јужна Африка.

Слични содржини