Кание Вест и Ким Кардашијан имаат желба да му обезбедат на неродено бебе секакви луксузи, за кои веќе е определен солиден буџет.dezeen_Kanye-West_1

Едно од најинтересните трошоци на двојката е запишувањето на двегодишната ќерка Норт на часови “како да бидеш добра сестра”. Тие ќе се одржуваат од посебен учител, кој ќе зема по 300 долари на секој час со малата. Целта на вежбата е девојчето да го прифати добро новиот член на семејството и да го пречека со сестринска љубов и внимание. Дел од лекциите ќе вклучуваат игра со кукли и групни активности со родителите.

Додека многу родители штедат доста за второто дете од бебешка количка, креветче, играчки, Ким и Кание се категорични дека второто бебе нема да ги наследи користените од сестра му додатоци. Раперот инсистира бебето да има свој дизајниран гардеробер со облека, за да не се здобие со “комплекс на инфериорност”.

“Кание планира да потроши околу 1,5 милиони долари за дизајнерска облека за новото бебе”, откри близок до него извор. Исто така 37-годишниот музичар ангажирал “совршен изведувач”, за кој семејството има буџет од 1 милион долари. Ова вклучува уникатен дизајн и мебел на најпознатите архитекти, направени по нарачка и само за неговото идно дете.

Слични содржини