Катица Јанева со судска наредба ги чешла документите во УБК – ќе останат цела ноќ !

од Vladimir Zorba

Со две судски наредби специјалната обвинителка Катица Јанева со нејзиниот тим во Управата за безбедност и контраразузнавање ги чешлаат документите во врска со предистражните постапки.145459
Јанева од УБК треба да ги преземе преслушуваните материјали од 2008 година до 2015, како и документите за да ги утврдат начините на преслушување. Од СЈО повеќепати биле на разговор со вработени во УБК. Пред Јанева да даде изјава, од Управата во МВР побарале пауза за состанок, по што обвинителката јавно им порача дека нејзиниот тим не заминува се додека не ги добијат податоците од Управата во која што  сега на местото на Сашо Мијалков директорува Владимир Атанасовски.
„Соработката оди тешко,  и  директорот на УБК одбива да постапи. Во исто време присутен е и господинот Митко Чавков, но не знам по која основа. Во меѓувреме, други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, не можеме да знаеме кои се тие. Но, ве уверувам дека јас со мојот истражителски тим и со моите обвинители остануваме до крај се додека не ги извршиме судските наредби“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, најавувајќи и ново засилување на тимот во текот на ноќта.
 Таа е категорична , тука сме тројца обвинители, ќе дојдат и други како и извршители и ноќта ќе ја поминат таму во зградата на УБК. Обвинителите од СЈО нема да ја напуштат Управата, без да ја завршат работата.
Иако СЈО веќе има оформено предмети за уништување на опрема за прислушување, онаа за која постојат сомненија дека се користела за нелегалните прислушувани разговори на повеќе од 20,000 граѓани, од истрагата објаснуваат дека сега се бара пристап до легалните системи за прислушување кои ги користи УБК, како и до записниците од прислушувањето.timthumb-31
„Многу постапки се поврзани со прислушувањето и како оди работата, дел по дел, така излегуваме во јавноста да го запознаеме македонскиот народ. Едноставно, се дискутира начинот на кој треба да ни ги предадат документите“, вели Јанева. Мора да се расчисти  по предметот „Пуч“, кој прислушувал УБК или  „Странски служби “ како што  тврдеа од владата на Никола Груевски, порачуваат од СЈО.

Влеговме во УБК  со судски налог откако претходно со месеци не можевме да ги добиеме документите и прислушуваните материјали за периодот од 2008 до 2015 година. Во УБК   и натаму  одбиваат соработка, измислуваат различни причини, но и СЈО не се откажува и инсистира на бараното од судските налози.

Слични содржини