Ќе имa ли оставки во ДИК, партиите молчат, на социјалните мрежи петиција

од desk2

Никоја од партиите кои ги предложија членовите на ДИК не спомнува дека ќе побара нивна оставка. Сите го осудуваат скандалот со бонусите, но немаат конкретен одговор дали тоа ќе значи и барање на одговорнсот. Од владеачката СДСМ се надеваат дека во ДИК лекцијата е научена.

„Јавноста со право е загрижена и реагира на последната одлука на ДИК за распределба на дополнителните сретства за ангажманот на нејзините членови, без притоа јавно и транспарентно да бидат образложени причините и критериумите врз основа на кои што тоа е направено. Очекуваме членовите на ДИК во своето понатамошно постапување да покажат пред јавноста дека се свесни за пропустот и дека ќе најдат начин да постапат согласно очекувањето на граѓаните на Р. Македонија.“

Од ДУИ пак ќе чекаат најпрвин самите членови во комисијата да покажат одговорност доколку тоа не го направат, партијата за следните чекори кои што ќе ги превземе во врска со тоа ќе ја информира јавноста.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека владејачката коалиција го има мнозинството и сама може да одлучи во врска со тоа прашање, бидејќи во моментот најголемата опозициска партија се соочува со сериозни проблеми повикувајќи се на притворите на нивните членови за настаните од 27 април.

ТВ 24 побара став и од Беса но од таму воопшто не одговорија на нашите повици. И додека од партиите не се споменува можност за оставка, на социјалните мрежи граѓаните потпишуваат петиција за како што велат срамното трошење на народните пари. Дел од членовите на ДИК пак веќе донираа дел од парите.

Бонусите и дополнителните четири плати кои си ги изгласале членовите на ДИК деновиве предизвикаа низа реакции во јавноста. Токму оваа комисија американскиот амбасадор во земјата Бејли ја посочи како еден од примерите за нетранспарентно работење и носење на одлуки далеку од очите на јавноста./24 Vesti

Слични содржини