Лавров: САД како да жали што Ким не лансира ништо во последно време

од desk2

Министерот за надворешни работи на Русија, денес, по состанокот со шефот на јапонската дипломатија Таро Коно, изјавил дека изгледа како Америка да жали што Северна Кореја во последно време не лансирала ниедна ракета, пренесува “Reuters”.


Се наведува дека Лавров рекол дека Вашингтон презема чекори со цел да го иритира Пјонгјанг, и навел дека Русија е загрижена поради тоа што Јапонија станува база за американско воено зајакнување во Азија.

“Русија се спротивставува на милитаризацијата на Азија под изговор спротивставување на Северна Кореја, и е загрижена поради плановите на САД да распореди дел од глобалниот систем за ракетна одбрана во регионот”, рекол Лавров.

Лавров нагласил дека во меѓународните односи се појавил нов феномен.

“Покрај лажни вести, сега постои лажна дипломатија. Американска”, истакнал тој.

Слични содржини