Ќерките се најголемиот подарок за една мајка . Да имаш најдобра пријателка во лицето на својата ќерка е вистински благослов. Постојат работи кои секогаш ќе останат вистинити за односите меѓу ќерка и мајка.a269007c19027b0d7dab4af7505d4d4dКолку и тешки моменти да сте имале едни со други, треба да знаете некои вистини за мајките на девојки . Веројатно ќе се припознаете во некои од нив!

Вие сте идолот, хероината, моделот на имитација за ќерка си
Дури и таа да не ги одобрува целосно вашите пристапи, критики и методи, ќерката секогаш ќе се стреми да биде како вас. Таа ќе се обидува да ги стигне вашите достигнувања, да ви се допадне и да добие одобрување.

Прифатете, ако вашата ќерка е машкоданка
Машките девојки се такви по природа. Мајките треба тоа да го прифатат. Не се обидувајте да  ја напикате вашата ќерка во фустан, ако таа сака да носи широки панталони и слободни кошули. Тоа не ја прави помалку жена, едноставно е израз на нејзината машка душа, скриена под женската надворешност.

Вие ќе сте онаа која ќе ѝ го лекува скршеното срце
Мајките се најблиските суштества кои секоја ќерка сака да ги има до себе. Кога ќе дојде момент на љубовна мака, кога срцето ќе биде скршено и кога целиот свет ќе ни го врти грбот, мама е тука за да ни помогне.
Секоја ќерка го знае тоа длабоко во срцето.
e9c1cebb2c0c7e1a84773054e1eb241a
Ќерки ќе се лутат во некои моменти
Колку блиски се мајките, колку и да  помагале во какви ли не моменти, некогаш доаѓа момент во кој тие се “виновни” за сè.
Мајки, прифатете го тоа- ќерките имаат свои убедувања, кои се разликуваат од вашите. Дури и да ви кажат дека сте лоша мајка и дека сте виновни за секоја невоља во нивниот живот, тоа е нормално. Ќе дојде момент кога ќе ги цените напорите кои сте ги положиле.

Тие секогаш ќе се потпираат на вас
Мајките се судии и критичари, но и покровители и утешители. Каде ќе се утешите, ако не во скутот на мајка си, кога имате потреба од поддршка ?!02a95dbf8be8a2832da7b24027733470

Некои денови ќе ви недостасува целата оваа драма
Мајките и ќерките често се во напнати односи за време на растењето. Девојките минуваат низ тешки периоди, обележани со бројни критични моменти. Нема да недостасуваат скандали, недоразбирања и лутење.
Но, еден ден сето тоа ќе ви недостасува, кога ќерка ви ќе тргне самостојно вашиот пат.

Секогаш ќе бидете најдобрата нејзина пријателка
Без разлика што ќе ви донесе животот, без разлика на кое растојание ќе бидете една од друга, секогаш ќе си останете најдобри пријателки! Нема околност или пречка што ќе раздели мајка од ќерка – ако не физички, тогаш барем емоционално!
И тоа никогаш нема да се промени! Со напредување на возраста пријателството ќе станува посилно од било кога.

Слични содржини