Македонските ракометарки подготвени го очекуваат баражот со Шведска

од Vladimir Zorba

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре го игра првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство во Германија против селекцијата на Шведска. Во рамките на подготовките македонските ракометарки одиграа три контролни дуели на турнир во Турција и постигнаа победа против Литванија, а загубија од Русија и од Турција.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска во пресрет на дуелот со Шведска изјави дека натпреварите во Анталијља биле добредојдени.

– Трите натпревари во Анталија беа добредојдени. Особено што за ривал имаме силна репрезентација (Шведска). Ќе направиме се да постигнеме добар резултат, особено што нашата форма е во нагорна линија. Важно е секоја ракометарка да го даде својот максимум и да се бориме како што тоа го правевме на квалификациите на Фарски острови. Воедно потребна ни е поддршка од публиката за да имаме добар резулат, рече Ѓорѓиевска.

Натпреварот се игра во СРЦ Кале утре со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен.

За пласман на СП се играат вкупно девет бараж дуели, а вечерва на програмата се натпреварите: Црна Гора – Белорусија, Русија – Полска, Романија – Австрија, Украина – Шпанија. Утре покрај натпреварот Македонија – Шведска играат уште: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

Пласман на шампионатот имаа обезбедено Германија како домаќин и Норвешка како светски првак.

Слични содржини