Манчевски: Нема да бркаме, ќе направиме реорганизација на администрацијата

од desk2

Нема да има бркање од работа во државната администрација, но ќе се прави реорганизација за поголема ефикасност на државната служба, изјави министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во интервјуто за Макфакс. Една од мерките која ќе биде воведена е флексибилно работно време за административците со цел поквалитена услуга за граѓаните најави Манчевски. Тој рече дека се прават анализи да се дојде до точната бројка на вработени во јавниот сектор.

„Бројката на вработени е околу 120.000 илјади.Работиме на обработка на податоци и во скоро време ќе ја имаме точна бројка. Свесни сме дека ова бројка е висока, но ќе се обидеме да направиме, реорганизација и релокација на ресурсите со цел сите овие вработени луѓе да бидат ефикасни. Првично за што се залагаме, а како што најавивме е луѓето да се ослободат од партиските стеги. Нема да има повеќе притисоци врз административците, нивна задача е да работат совесно, транспарентно и во рамките на законот. Мора веќе да се смени тој однос, кон државните службеници, рече министерот Дамјан Манчевски.

Воедно како што најави тој согласно направените анализи ќе врши и распределба на 1600 административци кои не се ангажирани и седат дома. Манчевски рече дека и во државната служба и покрај големата бројка на вработени има недостиг од стручни кадри, пред се од областа на ИТ секторот.

Слични содржини