Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

од Vladimir Zorba

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции.

Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која, британската премиерка не даде изјава за медиумите.

Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди во болница на лекување се наоѓаат 37 лица, повредени во пожарот, од кои 17 се во критична состојба.

Пожарот во зградата со 120 станови и со околу 600 станари, во луксузниот кварт Кесингтон-Челзи, избувна ноќта меѓу вторникот и средата, и според очевидците се ширел со голема брзина.

Причините за пожарот сè уште не се познати.

Слични содржини