Милошоски: Анти-НАТО ставови на Рашковски се штетни за евро-атлантските интеграции на Македонија

од Vladimir Zorba

 

 „Зошто не за влез во НАТО? Првин затоа што не не сакаат. Второ, економскиот проблем, Македонија е премала да трпи оптоварувања што се наметнува со акции за нашето приближување во НАТО. И трето, ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни гарантира бидејќи парите и љубовта го вртат светот, но НАТО бомбардира“. Ова, како што рече на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, се зборови, како што истакна цитат од новиот „реформски генерален секретар“ на Владата предводена од Зоран Заев.

Ова, како што додаде, се ставовите на Драги Рашковски напишани во книга објавена од Правниот факултет во врска со НАТО алијансата чии што членови оваа Влада тврди дека Македонија сака да стане.

– Владата на Република Македонија не смее да функционира според овие ставови на генералениот секретар како висок функционер на владата. Бидејќи ваквите анти-НАТО ставови на Рашковски се штетни за евро-атлантските интеграции и иднината на Република Македонија и за нејзиниот имиџ, нагласи Милошоски.

Рашковски во Владата, како што нагласи, ќе работи со министерот Садула Дураку, министерката Радмила Шекеринска и министерот Хазби Лика, а во однос на нивната улога и улогата на НАТО во 2001 година генералниот секретар на Заев во споменатата книга објавил дека за терористите имаа и храна и облека.

– Толку од принципиелноста и од реформските капацитети на новиот генерален секретар и близок пријател на господинот Заев кој, рече Милошоски и додаде дека според функцијата генерален секретар, треба да биде мотор и двигател на новите законски решенија кој што се најавуваат, а со самото тоа ќе бидат и чекори во следниот евро-интеграциски процес.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ги цени за несоодветни, за контраверзни и за осуда ваквите ставови на генералниот секретар Рашковски.

– Влезот во ЕУ и во НАТО треба да останат приоритет на Република Македонија но и на сите нејзини високо рангирани функционери, посебно на генералниот секретар на владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира барањето до членките на НАТО и на ЕУ да се започнат што поскоро заслужените преговори за членство во ЕУ за што се доби целосната препорака во 2009 година и да се добие поканата за членство во НАТО која што Македонија ја заслужи уште во 2008-тата година, а доби потврда за истото и од меѓународниот суд на правдата во Хаг. Истовремено, напоменуваме дека единствената пречка до сега беше проблемот кој што јужниот сосед го има со уставното име на Република Македонија, истакна Милошоски.

Новата Влада, според него, треба да се огради од ставовите на Рашковски како генерален секретар на владата на СДСМ. – Треба да го ограничи неговото анти НАТО делување, барем да нема влијание во оние проекти и закони кои што ќе бидат важен дел од евро-атлантскиот интегративен процес, додаде тој.

Според Милошоски, Рашковски нема ниту реформски, но за жал ниту демократски капацитет. – Ваков човек ваква личност, политичар или професор, а сега и генерален секретар на Владата навистина треба да се запрашаме дали има човечки, политички и демократски капацитет за таква висока позиција во владата на Заев, додаде тој.

Сметаме, истакна Милошоски, дека во новата Влада не би требало да има ниту место за луѓе кои што тврдеа дека ќе се лее крв по улиците за да падне режимот.

– Овие луѓе кои што имале ставови против НАТО, кои што имале ставови против граѓаните и кои што барале нивно шамарање или воспитување или кои што имале ставови дека треба некаков конфликт и крв по улиците да биде цената за доаѓање на власт, не би требало да се дел од ниедна Влада и од ниедна институција во Република Македонија, рече Милошоски.

Рашковски како докажан противник на НАТО, според Милошоски треба да биде изолиран од процесите кои што ќе се однесуваат на евро-атласките интеграции на Република Македонија.

Слични содржини