Мини-пици од модар патлиџан

од desk2

Ако сте љубител на пица, а сакате брз и не многу калоричен оброк, подгответе ги токму овие мини-пици.

Состојки:

2 модри патлиџани

Доматен сос или 2 рендани домати

200 гр кашкавал

По желба: Колбаси или смеса од јајца и сирење

Масло

Сол

Магдонос

Подготовка:

Модрите патлиџани се сечат на парчиња со дебелина околу 1,5 см. Посолете и оставете ги на решетка неколку минути за да излезе горчливиот сок. Во садот за печење додадете околу 1/2 чаша масло и подредете ги парчињата. Се печат во заграна рерна околу 15-20 минути. Се вадат и се додава доматен сос и кашкавал, колбаси или јајца и сирење. Се пече уште 10 минути. На крај се декорира со магдонос.

Слични содржини