Mлада Авганистанка ќе го обиколи светот со „Бичкрафт“

од Vladimir Zorba

Млада Авганистанка започна околусветско патување со мал авион “Бичкрафт” / Beechcraft /. Целта на патувањето ѝ е и да го насочи вниманието на жените кон професии поврзани со авијација, кои сè уште се сочувана територија за мажи. Шаеста Вајз е родена пред 29 години во авганистански бегалски камп. Веднаш по раѓањето, нејзиното семејство емигрирал во САД во 1987г. Кога ја открив својата страст кон летањето, почнав да се само-подобрувам. Почнав да читам, да го засилувам знаењето на математика, да погледнам на светот на поинаков начин. Важно е човек да ја открие својата страст и да ја следи “, вели Шаеста Вајз.

Таа има диплома по инженерство и е најмладата Авганистанка која има лиценца за пилотирање и диплома за пилот на цивилен авион. Меѓународната организација за цивилна авијација го поддржува овој проект, чија цел е да поттикне повеќе жени да се насочат кон авијацијата.

Само меѓу 3 и 5% од важечките пилоти на цивилни авиони во светот се жени. Вајз тргнува на своето патување од Флорида. Патувањет со малиот авион кој развива до 320 км / ч ќе помине низ 5 континенти, 18 земји со 30 средни слетувања за гориво. Крајот на патувањето е планирано да е во средината на август.

Бидејќи сум со авганистанско потекло, си давам сметка за тоа колку е важно да ја инспирирам следната генерација, да му давам надеж. Ова од витално значење, ако сакаме ветувачка иднина “, вели младата патешественичка.

 

Слични содржини