Младите кошаркари загубија и од Косово

од desk2

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години доживеа нов пораз Европското првенство (Дивизија Б) во Романија, овој пат во разигрување за пласман.

Загубивме од Косово со 66-64 што значи сега само ќе разигруваме за пласман од 13 до 16 позиција.

Клучните поени за победа на Косово ги даде Буњаку на шест секунди до крајот, а пак ние потоа промашивме шут за победа преку Серафимов.

Робев со 16 и Серафимовски со 13 кошеви беа најпрецизни наши играчи, Буњаку на другата страна даде 18 поени.

Слични содржини