Научниците од САД изнесоа страшни податоци за адолесцентите, ги споредија со 60-годишните лица

од Vladimir Zorba

Научници изнесоа страшни податоци за адолесцентите и нивната генерација. Според податоците меѓу 50 и 75 отсто од нив не вежбаат, не се хранат здраво и се пасивни. Според научниците од универзитетот “Џон Хопкинс” вина за пасивноста на младите имаат социјалните мрежи. Младината на 19 години се толку бавни и може да се споредуваат со луѓето кои се на 60 и повеќе години, покажува истражувањето од Балтимор.

Во анкетата учествувале 12.529 тинејџери, чија активност е измерена со специјален апарат. Експертите утврдиле дека е неопходно да се преземат итни мерки на ниво образование со цел зголемување на физичката активност кај младите.

“Треба да се најде начин да се дистрибуираат секојдневните обврски на младите, за да имаат повеќе време за вежбање”, вели Вадим Зипуников, еден од авторите на студијата.

Независно од тоа дека Светската здравствена организација препорачува минимум еден час физичка активност на ден, 20 отсто од момчињата и 50 отсто од девојките не се придржуваат кон овие препораки. Голем процент од адолесцентите меѓу 12 и 19 година се физички активни помалку од еден час на ден.

Слични содржини