tabanovce
Нема задржувања на мигрантите кои со воз доѓаат од Гевгелија на железничката станица Табановце.

Жителите на ова село, синоќа информираа дека штом пристигне воз со мигранти на железничката станица Табановце, тие мошне кратко се задржуваат, обично, одмараат, се освежуваат, јадат и го продолжуваат патот кон соседна Србија.

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот пристигнале околу 200, а во 21 часот, помеѓу 300 и 400 мигранти.

Од Црвен Крст Куманово укажуваат дека мигрантите на железничката станица не се задржуваат, бидејќи тука не чекаат на документи. На железничката станица има екипи на Црвен Крст и на невладини организации.

Поставени се монтажни објекти каде што мигрантите можат да се засолнат, а од вчера функционираат и тоалетите кои деновиве ги поставија екипи на Црвен Крст и на УНХЦР.

Од Итна помош Куманово потврдуваат дека вчера не биле повикани за каква било интервенција на железничката станица./МИА

Слични содржини