Несреќата на воениот хеликоптер во Грција можеби е предизвикан од контакт со електрични жици?

од Vladimir Zorba

Грчките воени офицери продолжуваат со истрагата за причините за трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа четворица армиски офицери. Министерот за одбрана Панос Каменос прогласи тридневна жалост, објавува електронското издание Ekathimerini.

Машината UH-1H се урна веднаш по 10 часа во средата (по локално време) крај Еласона, централна Грција. Во моментот останува нејасно кои се причините за несреќата.

Но инцидентот доведе до прекин на електричната енергија во регионот и го покрена прашањето дали хеликоптерот не е удрил во електрични жици.

Претставници на воените органи тврдат дека хеликоптерот немала никакви механички проблеми. Властите очекуваат закрепнување на петтиот офицер кој бил во хеликоптерот при падот за да добијат повеќе информации за причините кои доведоа до трагедијата.

Слични содржини