Несуденото парламентарно мнозинство и избор на Претседател -11. пат!

од Vladimir Zorba
Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи 11. продолжение на конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, и избор на претседател на парламент
Седницата е заглавена. Претседавачот Трајко Вељановски никако не дозволува никаква можност парламентарното мнзинство да гласа, затоа што ќе биде надгласано неговото  ВМРО ДПМНЕ, а тоа значи негово заминување во опозиција.
Параванот контрареплики, процедуралност , реплики и читање на деловникот од пратениците на СДСМ, а обвинувања на вмровците за „тиранска платформа“ е  само тактика, односно (не)моќ да се направи промена на власта

Вака како што стојат работите , до колку не се преземат конкретени чекори седницата би требало да трае до Септември, до очекуваната клима и промени со меѓународните влијанија.

Веќе видена (НЕ) моќ

Вчерашното 10 продолжение  помина во остри спротивставувања, дофрлувања од место, куп процедурални забелешки и со неколку реплики, а седницата во најголем дел се сведе на толкувања на членовите 78, 80 и 65 од деловникот на Собранието, дали може или не да се побара измена на дневен ред додека сè уште трае претресот на третата точка. Се работи за предлогот од 10 пратеници на СДСМ поднесен во четвртокот, место за актуелната трета точка, да се оди на четвртата точка – избор на нов претседател на парламентот.

Денеска веројтано ќе бидат анализрани други членови од деловникот, но суштината е сепак трошење време и блокада. Па дури и Трајко ,за да глуми кооперативност, и да ја профати следната точка повторно ќе имаме ситуација на 51 пријавени за збор и истиот систем реплика- контрареплика,  и пак блокада. Целата поента на конститутиваната седница е  спречување да се гласа, одноно да сне се конститутира Собранието колку за оправдување дека излез се само нови избори.

Парламентарнтото мнозинство е нула, ако не можеш да го ставиш во функција и  да се избори да гласа. Според амбентот  испадна дека е најбитен претседавачот и неговите слободни интерпретации, што значи дека пропустот на парламентарното мнозинство  и непромисленоста е направено прво тука.

Вториот проблем е коалиционерот. Тука не се исклучена калкулациите  на поранешните колиционери на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Тие деновиве направија као две случајни средби на челници на ВМРО ДПМНЕ со босот од ДУИ Муса Џафери во „Бистро“ и во „Балканика“.Тоа велат требало да личи дека „случајно“ се сретнале и  веројатно прават повеќе од кафе мубает и не е само за тоа како одат  бизнисите.

Во меѓувреме, се одржа куса средба на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица по која лидерот на партијата Али Ахмети кажа дека не гледа светло на крајот од тунелот.

„Решавањето на кризата  не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата“, рече официјално Ахмети и додаде дека со закани и уцени нема да се реши кризата.

Поинаку кажано ним не им се брза, тие и онака се во влада, на теренот за нови избори стојат лошо, а оваа ситуација на враќање на лидерството и превласта од заканите на БЕСА и Алијансата на Албанците им годи- што подлго то подобро.

Подгревање на стравот и спец војна

 Во меѓувреме билдање на стравот , закани со војна , хушкања за насилство не престанува ниту од собраниската говорница ниту преку провмровските портали радија и телевизии. Истата порака је верглаат и заплашуваат со 200.000 народ , а тоа деновиве едвај стига до 7-8 илјади , и пратениците и нивниот лидер.
На ваквите пораки за насилно уривање на државата, велепредавство, но и повикување на граѓанска војна  први реагираа експертите што од правната што од медиумската заедница. Ова е  кривично дело и кршење на кодекспт на етичкото известување и кодексот на новинарите. Тие го повика обвинителот Зврлевски да се изјасни и реагира по допрен глас, а повиме упатен и до регулатарот АВМУ, во однос на хушкачите медиуми.
Ексертите велат дека , Јавното обвинителство веќе требало да реагира по допрен глас откако Груевски порача дека неговата партија но и народот жестоко ќе реагира на, како што вели, неделовничкиот начин за избор на претседател на Собрание.
„Таму има повеќе кривични дела против државата, се работи за велепредавство и за повикување на насилно уривање на уставниот поредок, меѓутоа тие не се само кривични дела против државата туку се косат и со тие меѓународни злосторства кои се поврзуваат повикување на граѓанска војна“, изјави Беса Арифи, универзитетски професор.
За дел од политичките аналитичарите, пак, состојбата станува се посложена. Тие прват терен и психоза на страв.Тоа е координирана стратегија  со Груевски, и се остава можност за нови проширени сценарија, кои треба да ја  држат оваа контролирана нестабилност .
Брисел и натаму предупредува
Портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич порача дека во Брисел очекуваат Собранието да се деблокира без понатамошно одложување и уште еднаш го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката да не го додели мандатот за формирање влада на новото парламентарно мнозинство.

„Очекуваме  сите  политички  лидери и институции  да дозволат да продолжи демократскиот процес, а тука се подразбира и изборот на нов претседател на Собрание и би сакале тоа да го видиме без одложувања“, кажа Маја Коцијанчич на вчерашната прес-конференција во Брисел.

Единаесеттото продолжение на седницата е закажано за денеска во 11 часот, и никој нема никакви очекувања, освен некој нов член за дебата.

Излезот е веројатно во  надминување на личните интереси во случајот на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ , одлучност кај СДСМ и пред се  натпартиските интереси кај сите, за кое треба поддршка од граѓаните.
Во случај на подолготрајност на оваа ситуација не се исклучени нови „пржински договори“, веднаш по празниците, кои сигурно  нема да водат во насока на нови избори,  но  не се исклучено други  варијанта  и комбинации па и  формирање на експертска Влада, колку за излез од ваквата институционална блокада.
Ад

Слични содржини