Никол Кидман полни 50

од Vladimir Zorba

Денес 50-ти јубилеј слави убавата и талентирана актерка Никол Кидман.

Никол е добитничка на многу награди – “Оскар”, “БАФТА”, “Сатурн”, “Сребрена мечка” и трикратен добитник на наградата “Златен глобус”.

Таа е мажена за рок музичарот Кит Урбан. Двајцата имаат две деца, а од бракот со Том Круз актерката има уште две кои се посвоени.

Родена е на 20 јуни 1967 година во Хонолулу на Хаваите, во семејството на Џенет Ен Мек Нил Кидман и д-р Ентони Дејвид Кидман.

Семејството се враќа во Австралија кога Кидман е 4-годишна. Таа започнува да зема часови по балет, кога е на три години, подоцна учи во Младинскиот театар на Сент Мартин, Австралискиот театар за млади и во театарот Филип Стрит.

Бракот на актерката со Том Круз трае 11 години.

Дебитираше пред камера во 1983 година, но нејзината прва голема улога е во 1989 година во трилерот Dead Calm. Филмската кариера ѝ се развива опасно, а во филмот “Мулен Руж” Кидман прави неколку многу добри вокални изведби.
Во соработката со Иан Мекгрегор над песната “Come What May” од саундтракот на филмот, таа дебитираше на 27-мо место во британските листи за синглови.
Подоцна соработува со Роби Вилијамс во песната “Somethin ‘Stupid”.
Песната достигна 8-мо место во  австралиската ARIAnet рангирање за синглови, и е број 1 во текот на 3 недели во Велика Британија.

Слични содржини