Новиот генерален секретар на Владата, Рашковски, во 2006 бил против НАТО

од Vladimir Zorba

На првата владина седница за генерален секретар на Владата на Република Македонија е именуван Доц. д-р Драги Рашковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Неколку медиуми по изборот објавија негов говор од ораторската вечер „Иво Пухан“ одржана во 2006 година на Правниот факултет кога тој бил студент во втора година. Текстот носи наслов – „НЕ“ за НАТО! Во текстот Рашковски пишува за, според него, негативните страни на НАТО и објаснува зошто не сака Македонија да влезе во оваа организација.

Токму новата Влада на која Рашковски ќе биде генерален секретар, членството на Македонија во НАТО и ЕУ ги постави како врвни приоритети. Не е познато дали Рашковски во меѓувреме го променил својот став во однос на ова прашање./извор Либертас

Текстот во продолжение:

 

 

Слични содржини