Обложувалници: Клинтон има поголеми шанси за влез во Белата куќа

од Vladimir Zorba

Шансите за влез во Белата куќа на кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон се зголемија на интернет обложувалниците, откако се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, во првата претседателска дебата.

636105270562155482-xxx-20160926-aps-usa-297

Влоговите за победа на Клинтон пораснаа за шест проценти, односно на 69 отсто, додека влоговите за Трамп паднаа за седум, на 31 проценти, покажуваат податоците на новозеландската фирма „Предикт Ит“, кои ги предвидуваат исхoдите на политичките и финансиските случувања.

Шансите на Клинтон, исто така се зголемија на ирскиот сајт за обложување „Педи Пауер“.

Уплатите за Трамп паднаа на пет отсто во февруари, но се качија на 44 отсто во мај, додека влоговите за Клинтон паднаа на 37 отсто во јануари па се качија на 79 отсто во август.

Првата претседателска дебата, е една од трите планирани, пред претседателските избори во САД на 8 ноември

Слични содржини