(OБНОВЕНО) СЈО покрена две обвиненија – за незаконско уништување на класифицирани документи и за насилство врз градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски и советниците

од Vladimir Zorba

14348980_10154464533444804_665966202_n

Специјалното јавно обвинителство покренува две обвиненија до Кривичниот суд, соопшти обвнителката Катица Јанева на денешната прес конференција.
Првото обвнинение се однесува за незаконско уништување на документација од системите за прислушување за кое СЈО товари 7 лица.

Второто обвинение се однесува за нарачано насилство врз градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кое се извршило за време на одржување на седница на Општинскиот совет.

Овие кривични дела се поврзани со неовластеното следење на комуникациите, а Обвинителството очекува лицата (обвинетите) да добијат осудителна пресуда.

Обввинителството ги процесуира обвниненијата по скратена пистапка, затоа што СЈО смета дека постоја доволно докази лицата да бидат осудени

Обвинетелството (СЈО) смета дека првиот предмет е од огромно значење за  работата на инстотуцијата.

„Се работи за уништување на документација. Преземените истражни дејствија за тоа кој и зошто неовластено прислушувал„

„Обвинителството„, беше речено на пресот,„ прибавило доказен материјал и за други кривични дела. Од доказите произлезе дека првообвинетитот незаконито формирал Комисија и уништил 2.047 службени списи. Според доказите првообвинетитот од УБК издал усна наредба за годишно ништење на материјали, иако законските акти не дозволуваат обвинетиот да формира таква Комисија. Целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следеење на комуникациите. Целото ништење е направено спротивно на сите службени акти,а обвинетите лица без никаква процедура за ништење ги запалиле односно ги уништиле материјалите, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

14348931_10154464530019804_890312162_n

Таа посочи дека уништени се класифицирани информации.

Во вториот предмет, СЈО отвора обвинение по телефонски разговор содржан во прислушуваните материјали, а кој опозицијата го објави јавно.

-Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на општина Центар.
Од него произлегува сомнение за потикнување насилство. Ова јавно обивнителство презеде низа активности дали содржината на снимката има своја завршница. Поради наведените причини беа прибавени голем број видео записи, материјални докази, а беа испитани и 20 сведоци. Дел од сведоците побарале заштита, рече Фетаи.

Обвинитението е поднесено против 14 дела за кривично дело насилство од кои 5 лица како поттикнувачи и за 9 лица како директни извршители.

-Од доказниот материјал произлезе дека во месец јуни првоообвинениот побарал, а второобвинитетиот прифатил да извршат грубо насилство спрема градоначалникот на Општина Центар. Анализите кои ги направи ова Обвинителство упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ова се чисто лукративни, за остварување на бизнис интересите на партискиот врв, рече Фетаи.

Обвинителката Фетаи посочи дека очекува да биде донесена осудителна пресуда за сите обвинети.

Поднесено е обвинение против 14 лица за насилство, кое призивкало телесна повреда и е направена соодветна материјална штета на Општината.

Ова обвинителство смета дека секој кој се огрешил од Кривичниот законик ќе одговара. „Нема да има привилегирани ниту неправедно обвинети. Патот до правдата е еден и непознава поделби„, рече обвинителката Фетаи

Шестмесечен извештај СЈО ќе го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“. Случајот „Титаник“ се однесува на изборни манипулации, „Тортура“ е за апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија. А случајот „Тврдина“ е за неовластено прислушување. Петтиот случај, „ТНТ“, се однесува на уривањето на комплексот Космос. Во овие случаи осомничени се поранешни министри, пратеници и градоначалници.

 

 

Слични содржини