ОБСЕ со “црна прогноза”: Овој регион е уназаден и бара големо внимание од меѓународната заедница

од desk3

Регионот ќе се соочи со големи предизвици предупреди Роберто Батели, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа-јави Телма.

osce_3
Бегалската криза ќе зема се поголем замав, ќе има глобален економски пад, радикализација, меѓуетнички тензии и конфликти. Неопходно е заедничко дејствување и колективна одговорност. Овој регион, рече Батели е уназаден и бара големо внимание од меѓународната заедница.
Регионот неизбежно ќе се соочува со внатрешни и надворешни предизвици вклучувајќи ја бегалската и миграциската криза, радикализација и ширење на странски терористички борци, поларизирана политичка околина, етничка поделба и ранливост во функционирањето на демократските институции. Нашата подршка мора да ја ефектуираме.

Во моментов сме фокусирани на подготовка за набљудување на изборите во Црна Гора и Македонија. Вашата држава одбележа напредок по потпишувањето на рамковниот договор во 2001 година. Ова не треба да го заборавите и покрај сите политички тешкотии кои во моментов ги имате, изјави Потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа Роберто Батели.

Повеќе ТУКА

Слични содржини