Орбан и Фицо: Квотите за распределба на бегалците е мртва тема!

од Vladimir Zorba

Квотите за распределба на мигрантите меѓу земјите членки на Европската унија се неприфатливи за Словачка и за Унгарија, изјавија за новинарите по средбата во Братислава премиерите на двете земји, Роберт Фицо и Виктор Орбан, цитирани од Ројтерс и ТАСС.

1475864186-1

“Разговорите со лидерите на ЕУ потврдија дека задолжителните квоти за распределба на бегалци се политички мртва тема”, истакна Фицо, потсетувајќи дека Братислава и Будимпешта ја оспоруваат соодветната иницијатива на Европската комисија пред Европскиот суд во Луксембург.

“Ние сакаме законодавните иницијативи на Еврокомисијата да одразуваат мислења на жителите на премиерите и претседателите, кои јасно ја потврдија доброволноста како основен принцип на миграционите прашања”, истакна словачкиот премиер.

Тој најави дека неговата земја ќе подготви и ќе им предложи на партнерите од ЕУ проект за нови правила на миграциската политика, кои ќе ги земат интересите на сите земји членки. Во документот нема да се споменува за дистрибуција и квоти, истакна Фицо.

Орбан од своја страна рече дека Унгарија наскоро ќе поднесе уставни промени, кои ќе ги исклучат надворешниот притисок за квотите.
“Никој нема да ни наметнува никакви квоти. Решението со кого ќе живееме заедно ќе се прифаќа само од унгарскиот парламент”, и тоа ќе биде гарантирано од Уставот, истакна тој.

Орбан предупреди за зголемување на терористичката закана во Унијата, ако во земјите членки се зголеми бројот на бегалците од муслимански земји.

“Нема никакви ограничувања или систем на задолжителни квоти кои може да уништи се што сме постигнале (во областа на безбедноста). Ние сме против терористичките акти. Сакаме сигурност за нашите граѓани”, истакна Орбан.

Унгарскиот премиер повика да се затегне обезбедувањето на надворешните граници на Шенген зоната за слободно движење низ кои во ЕУ продираат нелегално мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка.

Слични содржини