Озрачени ем балансирани

од desk4

 Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Поранешниот претседател на Сообранието Трајко Вељаноски испратил отворено писмо до сегашниот претседател Талат Џафери. Ај што го пратил – не мора да го праќа, може на говорница да го каже, туку медиумите и му го пренесоа писмото. Новинарите му објавуваат писмо на човек што ги избрка на клоци.

Писмото било за кршење на деловникот на Собранието. Кој го напишал? Трајко Вељаноски, поради чие кршење на деловникот сега сите ние мораме да им исплаќаме отштета од по 5.000 евра на новинарите кои тој нареди да бидат избркани од Собранието на 24 декември, 2012 година. Оти, Судот за човекови права во Стразбур пресуди дека Трајко го скршил не само деловникот, туку човековите права.

Колегите ми глумат балансирано известување. Објавиле дека Трајко Вељаноски напишал нешто за  кршење на деловникот, а не кажале кој е Трајко Вељаноски. И дека има најмалку два кабаета за сериозно кршење на деловникот и на човековите права во  Собранието. На 24 декември, 2012 и на 27 април, 2017.

Нека извинат колегите. Ама ова не е балансирано новинарство. Како и оние „дебати“ на кои упорно се трудат да ги рехабилитираат водачите на нападот на Собранието со тоа што ги викаат во емисија како релевантни соговорници. Па уште и како жртви ќе се претстават, ќе треба да ги жалиме. Ова е неодговорно новинарство кое ја одржува перцепцијата што сака да ја наметне ВМРО-ДПМНЕ дека „сите се исти“.

Има таму луѓе кои треба да добијат медиумско внимание само кога ќе се најдат на суд. Да им успееше организираниот напад на Собранието на 27 април, до сега ќе нѐ убиваа по улици.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

Слични содржини