Пекол на Балканот: Големи пожари го зафатија регионот

од Vladimir Zorba

Во Црна Гора на подрачјето на Националниот парк „Проклетие“ и понатаму се активни пожари, чие гаснење е отежнато поради непристапен терен.

Според државната телевизија РТЦГ, пожарите кои беснеат од вчера ги зафатиле Хрид и Рибљак.

Пожарот на плнината Динара, на границата меѓу БиХ и Хрватска, се уште е активен, а огнетата линија што е долга повеќе од четири километри претставува закана за шумата, соопштија официјални лица.

Покрај тој пожар, во Херцег-босанската жупанија активен е пожар и на подрачјето на општина Босанско Грахово. Пожар има и во општината Гламоч и поради исклучително непристапни и минирани терени, пожарите на двете локации можно е да се изгаснат само од воздух, поради што е побарана помош од армијата на БиХ.

 Во Грција властите евакуираат две општини јужно од Атина поради голем шумски пожар.

Огнот во областа Лагониси го гаснат повеќе од 40 пожарникари со 20 возила и два хеликоптера.

Локалните медиуми јавуваат за полесно повредени тројца пожарникари.

Албанија се наоѓа во критична ситуација поради пожарите од големи размери, кои беснеат на нејзина територија.

Според Министертвото за надворешни работи, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати контактирал со неговиот грчки колега, од кого побарал да упатат авиони за гаснење на пожар. Ветено било дека два авиона од островот Крф ќе полетаат за да им помогнат на албанските пожарникари.

Бушати побарал помош и од италијанскиот колега Анџелино Алфано, кој исто така ветил дека во текот на денов кон Албанија ќе полетаат авиони за гаснење пожари.

Моментно активни се најмалку 15 големи пожари.

Слични содржини