Jавната дискусија организирана од Цивил, на тема  идеите за изборниот модел, за ревизија на Избирачкиот список и за модалитетите за спроведување на слободни избори.

stevo_pendarovski

Договорот што политичките партии можеби ќе го склучат на 29-ти јуни мора да содржи рокови  за спроведување на сите преземени обврски и клаузула дека ако било што од потпишаното не се спроведува, опозицијата го напушта политичкиот процес и не се појавува на избори. Тоа, според професорот Стево Пендаровски, треба да важи од истиот ден. Тој не се согласува со тврдењето дека оној што добил на избори, мора да биде на власт.

           -Вие можете да добиете избори и да се стекнете со политички легитимитет, ако изборите се фер и демократски, но не може да владеете ако сте криминалец. Во блиското соседство е типично примерот на Хрватска. Санадер беше високо корумпиран, а ги доби изборите, доби политички легитимитет, но отстапи заради таквата коруптивност, а истата партија продолжи да владее со друг човек кој не беше корумпиран. Во историјата на светот имало страшни манипуланти кои глатко добивале избори во неколку мандати, но бидеќи биле корумпирани, ка носеле својата земја во пропаст. Високо криминализирана банда не може да владее дури и под препоставка дека на релативно коректен начин добила на избори, вели Пендаровски

(..)

-Мисли ли било кој од нас кои сме биле жртви на прислушувањето како и другите, значи сите здраво-разумски луѓе ги прашувам, дека прислушувањето престанало, затоа што во овој момент нема фамилијарна блискост? Јас ви кажувам опозицијата има докази дека и сега првите луѓе на опозицијата и на граѓанскиот сектор се прислушуваат. Нема фамилијарна блискост? Оваа пракса во кој закон ја пишува? Џабе ви е тоа што Прибе го пишува, ако ситуацијата на терен е обратна, рече професорот Пендаровски.

 Пендаровски посочи дека извештајот на Прибе ја потврдува ситуацијата во која ние живееме: едно стои на хартија, а друго се спроведува во пракса. Законот не дозволува купување избирачи или уцена на администрацијата но тоа се прави и никој не е осуден. Прибе ја проблематизира фамилијарната блискост меѓу функционерите, но Пендаровски ја лоцира одговорноста директно кај оној што ги поставува.

повеќе на Телма

Слични содржини