По изборот на Претседател, демонстрантите насилно влегоа во собраниската сала

од Vladimir Zorba

Демонстрантите од „Иницијативата за заедничка Македонија“ по изборот на Претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство, насилно влегоа во собраниската сала.

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, ги повика полициските сили да си ја вршат својата работа и да го спречат насилното влегување во парламентарната сала.

Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство заедно со новиот претседател Џафери се во другата соседна просторија во законодавниот дом.

Дел од демонстрантите се обидуваат насилно да влезат кај пратениците од парламентарното мнозинство. Нема никаква интервенција на полицијата.

Слични содржини