Погба официјално нов член на Манчестер Јунајтед

од desk3

Конечно заврши трансфер сагата на францускиот репрезентативец Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

И официјално, од „Олд Трафорд“ потврдија дека Погба нов член на Манчестер Јунајтед.

14707369619c19ca

Неговиот премин од Јувентус во Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволи“ ќе ги чини неверојатни 105 милиони евра, со што 23-годишниот Французин стана најскапиот фудбалер во историјата на овој спорт.

– Среќен сум што повторно доаѓам во Манчестер јунајтед. Овој клуб секогаш имаше посебно место во моето срце, чувствував дека е судбина да се вратам овде и да освојувам трофеи. Ова е вистинскиот момент за враќање на „Олд трафорд“. Со нетрпение чекам да почнам да играм за Жозе Мурињо“, изјави Погба по компетирањето на транферот.

Французинот пред четири сезони беше дел од тимот на „Олд Трафорд“ по што како слободен играч мина во редовите на Јувентус со кој освои три шампионски трофеи во Италија.

Договорот на Погба е на пет години, а Французинот ќе заработува неделно по 310.000 евра. /МИА

Слични содржини