Пороен дожд на крајниот север на Скопје

од Vladimir Zorba
dozd_1_0
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи вечерва е сосема на север на поширокото градско подрачје на Скопје. Облачноста се преместува преку Скопска Црна Гора кон Кумановско со умерена брзина и е проследена со повремени ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
– Се очекува ова подрачје и во следниов час и нешто повеќе да има повремен дожд и умерен ветер, соопшти УХМР.
Оттаму прецизираат дека кон југ во планинските подрачја на Западна Македонија има облачност без грмежи и повремен претежно умерен дожд. Малку нестабилност и ретки грмежи има сосема на југ на Пелагонија, а во целина облачноста се преместува кон Повардарието.

Слични содржини