Поројни дождови и поплави гo погодија северниот дел на Грција

од Vladimir Zorba

Дожд и силен ветер го зафатија северниот дел на Грција и предизвикаа сериозни проблеми за локалните граѓани и туристите, а на одделни места беа регистрирани и големи поплави.

Локалните медиуми објавија за поројни дождови крај  , Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Певкохори, Торо и други.

Во неколку од одморалиштата дошло до евакуација  и на туристи. Се споменува   уште и за проблеми на патиштата. Температурата на поединечни места падна до околу 15 степени Целзиусови.

Поплави има и на патиштата Лариса – Кожани и Ситонија, а најкритично е на вториот крак,  во Торони, Порто Куфо и Тристиника.

Грчките власти наредија итна евакуација на населението во погодените подрачја, а според податоците на македонското МНР, меѓу нив нема македонски државјани. Во конзулатот во Солун е примен повик од едно македонско семејство кое е на летување, но не се наоѓа во опасна ситуација.

Грчката агенција АНА-МПА соопшти дека облачно време и северен ветер се очекуваат и утре и дека се можни нови поројни дождови

Слични содржини