Последната недела за новата македонска Влада-првпат!

од Vladimir Zorba

Се троши рокот на мандатарот Груевски за формирање нова влада.Остануваат уште само 7 дена за исполнување на тој рок, а сите прашања околу новото собраниско мнозинство се и натаму отворени. Помина и инаугурацијата на Трамп,  но никој во Македонија не пресекува за инугурација на новиот премиер и претседател на Собранието на РМ.

gruevski-ahmeti

Ахмети не се откажува од намерата  да го рехабилтира Никола Груевски, и вложува во тој контест иако најголемиот ќар е сепак за него, и новата улога која си ја зема како старто нов месија на Албанците. Новата изјава, ако не и позиција на ДУИ е за коалицирање со Груевски. Тој пробен балон го пушти не самиот Ахмети туку  нормално послушниот портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Сега Османи од Вашингтон, демек за тамошната публика на VOA  на албански јазик,  порача дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот “победник во македонскиот со победник во албанскиот блок”.Нешто што исто така од ДУИ бече елиминирано во старот преку изјава на Теута АРИФИ, високиот функционер на ДУИ дека токму тој мајски договор е згазен и нема сврха никој на него да се повикува.

Но сега во интервјуто за Гласот на Америка, Османи не ја обвини Теута Арифи, туку ги обвини медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.

 

„Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот-победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен – за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Принципот дека победничките партии од македонскиот и од албанскиот блок формираат влада произлезе од Мајскиот договор од 2007-та што беше постигнат со посредство на меѓународната заедница откако во 2006-та Груевски во влада ја зеде ДПА која имаше помалку гласови акј Албанците од ДУИ,.

Сепак Османи ја заборави и претходната изјава која ја даде исто така по нарачка  и за влез на пазарењата на Али Ахмети, и тогаш не се повика на мајскиот договор, туку рече дека никој нема предност- значи нема победник + победник.Еве ја  и таа изјава:

-„ДУИ започна процес на сеопфатна анализа на можните опции за коалицирање во наредниот период. Ги спомнавме сите пет опции кои се денес на маса на Централното претседателство, за кои детално се разговара за сите „про“ и „контра“ аргументи и краткорочни и долгорочни ефекти. Анализите се без емоции, без преференции, ДУИ нема стратешки парнер, ДУИ нема префериран партнер. Сериозно ги разгледуваме сите аргументи“, изјави тогаш истиот Османи.

Значи оваа е нова прикаска и понуда. Но она што е клучно  е дека ДУИ не закажува претседателство на партијата,  и се оди со соло настапи на Али Ахмети. Тоа е исто симптоматично бидејќи таму ако се следи според последниот состанок Ахмети е надгласан од крилото кое не сака да колицира со Никола Груевски. Што значи дека тој тешко може да донесе одлука без претседателството, или најмалку сам да ветува или продава позиции.

Од официјалните партиски соопштенија по  средбите  Груевски-Ахмети  и Заев -Ахмети не може исто така ништо да се заклучи. „Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за претстојните предизвици во тој правец“…

Најавени се и нови средби но денот Д  сепак е  Недела.  Уште само 7 дена за објава со кого тоа Груевски како мандатар се договорил.

Ахмети кој си се се прогласи за клучен играч, по платфрмата која ја договори со другите партии ,као да ги подзаборави бројките и  засега оди соло .На последните средби тој дури отиде  само со обезбедувањето, без ниту еден пратеник, сопартиец,  дури не го зема ниту пратеникот Груби кого го користеше како преведувач!?

Од партиките табори молчат и не сакат да ја кажат гласно одлуката којавелат  ја имаат донесено сите.

Познзато е дека Ахмети највеќе би изиграл за себе,  да направи широко влада , да им удоволи и на СДСМ и да го спаси Груевски од потонување, а да остане заложбата за СЈО.СДСМ не прифаќа таков концепт,и тие се убедени дека веќе имаат мнозинство , но чекаат да се произнесе Груевски.  ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да биде опозоција, тоа е сигурно, и ќе играат со тоа „победата е наша“ и ќе влечатш што преку претседтелот Иванов, што преку своето толкување и поимање на Уставот.

Меѓунардните гарантори засега молчат иако даваат до знаење дека целиот пакет на пржинските преговори, беше враќање на системот според демократските стандарди, владеење на правото, слобода на медиумите и кредибилен глас на граѓанинот. СЈО без никакви дилеми треба да ги расчисти обвинувањата за криминал, а не да се мерат роковите, значи да расччисти со обвинувањата судски , а не да останат само обвинувања.Нешто слично како што никој слепо не се држеше ни за денот на закажаните избори туку за подговеноста наДИК,  списоците и амбиентот.

Веројатно токму поради тие пораки власта започна опасна кампања против странците, а всушност  повик за линч на неситомислениците, која ја дефинира како „десороизација“, што е опасна алатка и правење терен за нови судири, насилни  протести  и инциденти. Веројатно токму тоа е потребно за купување ново време ,до извршување на саканото сценарио и пронаоѓањето на решението  за останување на власт.

Во тој пакет на претпоставки  и одоговлекување по системот „или-или“се протнуваат и нови избори. Овојпат и локални и парламентарни ама тогаш и претседателски, за да се откачат ризиците со претседателот-извршител  Иванов ,за потребите на досегашната владеачка ВМРО ДПМНЕ.

И единствено сигурно во овој момент е дека рокот за Груевски му истекува до крајот на оваа седмица. Како ќе го менаџираат новиот рок за составување на владата   ќе се чуе во Понеделник, иако  поттекстот ќе се разбере веќе од утре кога на владините телевизии, кои ќе цитираат портали ,секојдневно ќе се објаснува што значат уставните обврски, што е мандатар, само кој има право да состави влада и тој пакет на медиумска манипулација, лажни вести или по народски кажано  млатење празна слама.

Ад.

 

Слични содржини