Предлогот за разрешување на Зврлевски стигна во Собранието

од Vladimir Zorba

 На ред е Собранието кое треба да закаже седница на која пратениците ќе го разгледаат и ќе гласа за разрешувањето на Зврлевски.

 

Процедурата за разрешување на контроверзниот државниот јавен обвинител Марко Зврлевски започна Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го потпишал Предлогот на Владата за разрешување на   истиот кое сега барање е  во Собранието на Република Македонија.

 

Според процедурата сега  Собранието кое треба да закаже седница на која пратениците ќе го разгледаат и ќе гласаат за разрешувањето на Зврлевски.

За одлуката на Владата да биде одобрена потребно е мнозинство од 61 пратеник. Владата на петочната седница ,ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Констатирано е дека Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.

И Советот на јавни обвинители се произнесе позитивно по мислењето на Владата и го прифати предлогот за разрешување на Марко Зврлевски, со што е запазена целсоната процедура.

Слични содржини