Професорка од Британија освои милион долари

од desk2

Учителката Андрија Зафиракоу од Лондон освои престижна награда „Global teacher prize“ и милион долари, за работа со деца од внатрешноста на Лондон.

Таа работи во средина каде англискиот јазик често е втор јазик, убиствата чести, а како што наведува АП, на учениците им помогнала во таква средина да се чувствуваат безбедно и добредојдени.

Зафиракоу е една од 30.000 учители ширум светот, кои се натпреварувале за наградата која се доделува на учители кои значително придонеле за својата професија.

Наградата ја доделува фондацијата „Варки“.

Минатата година, наградата ја доби Канаѓанка, за својата работа со Инуитите.

Слични содржини