Припадниците на француската полиција денеска протестираа против „омразата кон полицајците“, кои, како што наведуваат, ја трпеа за време на антивладините протести.

132672612-540x320

Полицајците се соберат за време на паузата за ручек во 60 градови во Франција, со цел да ги осудат секојдневните насилни судири на протестите против реформите на Законот за работа во последните неколку недели.

– Повеќе од 350 полицајци се повредени за време на тие судири, додека 60 лица се осудени, изјави вчера францускиот претседател Франсоа Оланд.

Генералниот директор на полицијата Жан-Марк Фалконе изјави дека „омразата кон полицајците ја поттикнуваат многу мала група на луѓе“, а 10 проценти од нив „се многу насилни“.

Слични содржини