Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“.

13230756_1607647142883724_574089846_o-860x680

Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ.

Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се преговара.

„Оваа криза се решава само и исклучиво на улица! Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам полека ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот! Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата и да не се соочат со правдата“, пишува во настанот организиран на „Фејсбук“./извор Мета

Слични содржини