Путин побара посилна армија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на воените можности на Русија, за да остане земјата “силна”.

image_5796842_126

Тоа се случи додека рускиот претседател ja отвори сесијата на новоизбраниот состав на Државната дума и во позадина на драстичното зголемување на тензиите со САД, соопшти АФП.

“Ние треба да ја зајакнеме безбедноста и способностите за одбрана на нашата земја, за да опстоимне на нејзината позиција на меѓународната сцена”, рече Путин пред руските пратеници. “Сите ние треба да се обединиме, да ги координираме напорите, обврските и правата за да се сочува историското врвно право на Русија – да биде силна”, истакна рускиот претседател.

Во исто време Русија ги предупреди граѓаните дека нуклеарна војна со Западот може да биде неизбежна – предизвикана од судирите на Блискиот Исток. Претставници на руските власти соопштија дека биле изградени подземни засолништа за 12 милиони луѓе.

Слични содржини