Рама: Ја разбирам болката на Вучиќ, одлуката е целосно признавање на Косово!

од Vladimir Zorba

Решението на косовскиот проблем е многу едноставно – целосно признавање на неговата
независност од страна на Србија. А кога би бил  на местото на Александар Вучиќ сепак сфаќам дека тоа е
многу полесно да се каже отколку  да се направи.

– Мошне ја почитувам иницијативата на Александар Вучиќ да повика за внатрешен дијалог во Косово и така диретно и неконвенционално да се соочи со минатото, рече Рама.

Тој за „Блиц“ истакна дека во авторскиот текст на Вучќиќ во кој повика на внатрешен дијалог за Косово „можел да почувствува вистинска болка и истовремено импресивна одлучност“ и нагласи дека по тој прв чекор на Вучиќ продолжил да развива мошне храбра визија за иднината на Србија и Косово.

– Засега можеме да кажеме дека е важно напорно да работиме сите заедно до решение, трепеливо, директно и неконвенционално. Сите мораме да имаме на ум дека пронаоѓањето на решение за ова прашање е во интерес на сите, не само на Албанците. Што порано, тоа подобро, рече Рама.

Тој смета дека не би било лошо да  започне внатрешен дебата и во самото Косово и во Албанија, по моделот на Србија.
“Односите меѓу Албанија и Србија никогаш не биле толку добри во минатото, како сега … И со тоа сум
многу горд. Нема да биде многу точно и скромно да се припишат сите заслуги на себе и на Вучиќ за
тоа.

Само ние бевме вистинските луѓе, во правилен момент, на вистинското место. Работите созреаја
и коцките се наредија “, смета Еди Рама.
По повод предлогот на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, проблемот во Косово
да се реши со неговата поделба Рама вели следново: “Ова е необично предлог. Ова потсетува на она
за поделбата на самата Србија – Прешевската долина да се приклучи кон Косово или пак Косово да
се приклучи на Албанија и Србија да ја  признае оваа Албанија.
Очигледно е дека ако тргнеме по овие теоретски идеи, тогаш тоа може да стане сè, но не и да биде
практично. Уште  повеќе, можно е  целосно да се дискредитира се  и да станат безначајни и најдобрите
намери “, смета албанскиот премиер.

Слични содржини