Рашковски e нов генерален секретар на Владата

од Vladimir Zorba

Професорот на Правниот факултет во Скопје, Драги Рашковски, е новиот генерален секретар на Владата. Според него прва активност ќе биде увид во работните обврски на сите 387 вработени. Веднаш по објавувањето на неговото именување во „Службен весник“, ќе свика Колегиум со секретарите од министерствата, од кабинетите на Претседателите на државата и на Собранието, како и од другите институции со кои Владата соработува по службена должност. Рашковски има три магистратури и два докторати за „демократија со помош на информатичка технологија“ и за „дигитализација на комуникацијата меѓу граѓаните и администрацијата“. Како иноватор доби меѓународни награди за патентот „Електронска гласачка кабина“ како и за „Систем и уреди за попис на населението“.

Потпретседатели на Владата ќе бидат министерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерот за рамковен договор Хазби Лика и министерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Шеф на кабинетот на премиерот Заев ќе биде Мирјана Јанева.

Едмон Адеми ќе работи на развој на односите со дијаспората, Роберт Поповски транспарентност, отчетност и комуникации, Самка Ибраимовски за правата на Ромите, Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко за странски инвестиции, а под палка на Зоран Шапуриќ ќе биде регулативата за домашни инвестиции.

Пред почетокот на денешната прва седница на Владата, премиерот Зоран Заев најави дека откако ќе се исцрпат кадровските прашања, сериозно ќе се пристапи кон реформи. Приоритет има реформата на правосудството.

Од денеска, портите на железната ограда околу вратата се отворени. Заев најави дека архитектите бараат решенија за целосно отстранување на оградата, на чие место би имало клупи и настрешници, како можност за подобра комуникација меѓу Владата и граѓаните.

Слични содржини