Реформите во судството по забелешките на Прибе треба да бидат основа

од Vladimir Zorba

Потребни се сериозни реформи во судството, тоа е еден и од основните услови на извештајот на Прибе. Некој треба да сноси одговорност за состојбата во судството, и потребно е да се стават квалитетни луѓе на квалитетни места, вели адвокатот Александар Новаковски на прашањето за распуштање на судството и можен реизбор на судиите, информира ТВ24.

„Мислам дека ќе има серизни реформи во судството, тоа е извештајот од Прибе не сакам да генерализирам дали тоа е резибор или не, но, некој треба да ја сноси одговорноста и да се стават квалитетни луѓена квалитетни места.“ – изјави Новаковски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави реизбор во судството, со цел да тргнат рацете на политичарите од судтството…Од друга страна лидерот на вмро-дпмне Никола Груевски пак порача дека со тоа се врши заплаѓување на судиите. Првиот човек на Врховниот суд пак, Јово Вангеловски, кој важи за близок на ВМРО-ДПМНЕ и кој е дел од бомбите што ги објави СДСМ , а при тоа тој лично ја призна автентичпноста на прислушуваниот разговор со него и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанкиески денеска со ироничен став за состојбите во судството.

„Да ве потсетам дека сега е многу поактуелно да се каже да ги убиеме судиите или да се вети дека ќе ги убиеме.“ – изјави Вангеловски.

И поранешните судии, сметаат дека се потребни реформи во судството, за да се врати довербата во институциите./извор ТВ24

 

Слични содржини