САД градат база во Ирак, која ќе биде користена во операцијата за преземање на Мосул од ИД

од desk3

САД почнаа да градат база во регионот на Башика, во северен Ирак, која ќе биде користена за операцијата за ослободување на Мосул од џихадистичката групација Исламска држава, пишува  денеска турскиот весник „Милиет“.

download

Според информациите на весникот работите за изградба на базата се извршуваат во неспоредна близина на регион, во кој турските воени инструктори ги подготуваат локалните борци за борба против ИД.

Планирано е американските воени претставници да бидат распоредени во базата од 10 октомври, додава „Милиет“.

Весникот „Хабертурк“ вчера објави дека операцијата за ослободување на Мосул од ИД може да почне по 20 октомври Повикувајќи се на извор од турската Влада весникот соопшти дека Анкара ќе учествува во операцијата со пет илјади борци од курдските формации пешмерги, подготвени од нејзини инструктори во базата Башика во северен Ирак./MИА

Слични содржини