СДСМ најави одговорност за намерното уништување на културното наследство

од Vladimir Zorba

СДСМ го обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека заради криминални тендери, сакала да го уништи Скупи, при што најави дека ќе има одговорност за секое намерно уништување на културното наследство.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ новокомпонираните барокни градби ги подметнуваше како културно наследство, вистинското културно и историско наследство скапуваше и се распаѓаше. Додека ВМРО-ДПМЕ ги трошеше парите на граѓаните на стиропор и лажен барок, најзначајните културно историски објекти, како античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, археолошките остатоци на Плаошник, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ и други, свесно и намерно беа загрозувани и запуштени.

 

Локалитетот Скупи, за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лицемерно прикажува загриженост, беше во опасност од уништување само заради остварување на криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ долго време предупредуваше дека ВМРО-ДПМНЕ преку таканеречена обнова и преку криминален тендер со набилдани цени сакаше противправно да гради сала со 9.000 седишта и со тоа да го уништи археолошкиот локалитет Скупи“, порачаа денес од оваа партија.

Според нив, за разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ навистина ќе се грижи и ќе го заштити културното и историско наследство. За Скупи конкретно одобрени се средства и е завршена конзервацијата.

Слични содржини