Сефер Тахири: ВМРО и ДУИ се најголеми душмани на слободното новинарство, а не Сорос

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од ДУИ, се најголемите душмани на слободното новинарство, а не Сорос, вели  за АлсатМ аналитичарот Сефер Тахири. Коментирајќи го соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се посочува дека СДСМ и Сорос го уништиле независното новинарство, Тахири вели дека токму досегашната владејачка коалиција ги корумпирала медиумите со државни пари.

“Ова се докажува со тоа што ние денеска можеме да прочитаме исти наслови на сите телевизии и, на некој начин, ова покажува дека се се продуцира од еден центар, а тоа е Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.” – изјавува Сефер Тахири,

За најавува на  процесот на десоросоизација  на ВМРО-ДПМНЕ, Тахири вели:

“Мислам дека нема да се случи никаква десоросоизација, бидејќи нема да има можност ВМРО-ДПМНЕ да биде во позиција на главен владин фактор, кој ќе се бори против „вештерки“ или против Сорос, против странските служби. Бидејќи веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ е на крајот на мандатот на владеење.” – изјавува Сефер Тахири

повеќе Тука

Слични содржини