Женската ракометна репрезентација на Македонија од четвртокот се подготвува за првите два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

rakomet_zeni_makedonija

Веќе утре Македонија гостува во Бар кај Црна Гора, а по неколкуте одржани тренинзи селекторот Симе Симовски ги одбра 16-те ракометарки кои отпатуваа за Бар.

Во Скопје останаа десното крило Наташа Нолевска и голманките Матеа Серафимова и Нина Ладева, додека составот од 16 ракометарки го сочинуваат:

Голмани: Наташа Антиќ, Драгана Петковска (голмани);

Крила: Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска;

Бекови: Дајана Јовановска, Теодора Керамичиева, Ангела Тодоровска, Андреа Белеска, Елена Ливриниќ, Душица  Ѓорѓиевска, Симона Стојановска, Зорица Десподовска, Елена Ѓорѓиевска;

Пикери: Марија Николиќ и Ивана Гакидова.

Натпреварот Црна Гора – Македонија се игра утре во Бар со почеток во 19:30 часот, додека вториот дуел од квалификациите македонските ракометарки ќе го одиграат во сабота во СРЦ „Кале“ со почеток во 20:15 часот./МИА

Слични содржини