Почнува нов граѓански протест во Скопје, тема – еднопартиските избори  на ВМРО ДПМНЕ

Cil63phXIAAUhoM

Нов граѓански протест почнува и вечерва во Скопје. Стандардното , демонстрантите се собираат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.13224338_525079924343008_130419547_o-640x320

И маршрутата вечерва е стандардна. Ќе се протестира пред Собранието, а поворката демонстранти ќе помине покрај Министерството за надворешни работи, за протестот да заврши пред Владата.

(ВИДЕО) „Итно повлекување на одлуката за одржување избори на 5 јуни!“

Тема на протестот ќе бидат еднопартиските избори што сака да ги спроведе Груевски на 5 јуни.

Триесет минути подоцна во Велес и Кавадарци,  во 19 часот ќе има протести во Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип,Струмица, Радовиш, Ресен и Прилеп. Во 20 часот е закажан протестот во Демир Хисар.

Слични содржини